Денеска се празнуваат преподобна Теодора Солунска и Светата маченичка Василија

Преподобна Теодора Солунска

Како жена на имотен и благочестив човек живееше на островот Егина. Но кога Арапите ја загрозија Егина, тие се преселија во Солун. Овде својата единица ќерка ја дадоа во манастир. Во монаштво го доби името Теописта. Наскоро мажот на Теодора се упокои, та и Теодора се замонаши. Беше голема подвижничка. Често слушала ангелско пеење и им говорела на сестрите: „Не слушате ли колку прекрасно пеат ангелите во небесното светилиште?“ Се упокои во седумдесет и петтата година од животот, во 879 година. Од нејзиното тело потече целебно миро, од коешто многумина се исцелија.


Светата маченичка Василија

Пострада за Христа во Срем.


Светиот маченик Анастасиј (Спасо) Радовишки

Момче од Радовиш, од Струмичката епархија во Македонија. Учеше занает во Солун. Турците го присилуваа да се потурчи, а тој одлучно ги одби. За ова беше мачен и најпосле го обесија на 29 август, 1794 година.


Тропар
Телото твое падна под ударите на зловерието, но душата пат проби во нејзиното очистување, закрепена од благодат Христова, до Небесното Царство, о Анастасие свет мачениче. Од верата не откажувајќи се, нас молитвено н? поведе кон Спасителот на сите, пред Кого и сега моли за наше спасение.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Младиот чорбаџија“ – Едукативна претстава за најмалите

Во понеделник, 13 мај 2024 година во 18:00 часот, во малата сала на НУЦК Трајко …