Денес се сеќаваме на големиот писател Бранислав Нушиќ, кој почина на денешен ден во далечната 1938 година

Бранислав Нушиќ е роден во Белград на 20 октомври 1864 година. Тој беше еден од најзначајните српски писатели, комедиограф, сатиричар и критичар. Работел и како новинар и дипломат.

Се школувал во Смедерево, Белград, а една година поминал и во Грац. Како ученик започнал да пишува под псевдонимот Алкибијад Нушиќ, студирал право, но најмногу од се го привлекувала драмската уметност. Рано го заинтересирале негативните страни на извесни појави во општеството, на кој реагирал од позицијата на опозиција на тогашниот Обреновиќевски режим, за што почувствувал извесни консеквенции: за сатиричната песна „Два раба“ бил изведен пред суд, одлежувајќи една година во затворот во Пожаревац. А за да биде парадоксот поголем – веднаш по издржувањето на казната бил испратен во дипломатска служба од оние што го затвориле во затвор.


Поставен бил за писар во конзулатот а потоа и за конзул во Битола (каде и се оженил во 1893 година). Работел и во Солун и Сер, учествувајќи и самиот во подготовките за ширење на српската пропаганда во Македонија. На југот на Србија и во Македонија поминал цела деценија. Во 1900 година бил поставен за секретар на Министерството за просвета на Србија. Во 1912 година се вратил во Битола и во периодот 1912-1913 година бил околиски началник. Учествувал во формирањето на Народниот театар во Битола. Во 1913 година го основал и театарот во Скопје, каде живеел до 1915 година. Ја напуштил државата заедно со српската војска во текот на Првата светска војна и живее во Италија, Швајцарија и Франција до крајот на војната. По завршувањето на Првата светска војна се вратил во Белград на работа во Министерството за просвета.

Негови најпознати дела се комедиите: „Сомнително лице“, „Протекција“, „Народен пратеник“, „Госпоѓа министерка“, „Кнезот од Семберија“, „Белград некогаш и сега“ и други.


Починал во Белград на 19 јануари 1938 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 12.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Во текот на овој ден Овенот треба да се фокусира на обврските поврзани …