Денес роденден слави нашиот истакнат поет, есеист, критичар и преведувач Раде Силјан

Раде Силјан (родено презиме Павловски) е роден на 16 април 1950 година во с. Жван, Демирхисарско.

Ос­нов­но образование завршил во родното место, гимназија во Битола, а Филолошки факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел како новинар во „Студентски збор“, „Наш свет“, „Железничке новине“ и Радио Скопје. Бил главен уредник на Третата програма на Македонското радио и генерален директор на „Македонска книга“. Исто така, тој е основач и директор на книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје.


Силјан е член на ДПМ од 1982. Во два мандати бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија, како и претседател на Собранието на ДПМ.

Силјан е член на Сојузот на литературните преведувачи на Македонија и на Македонскиот ПЕН центар. Главен и одговорен уредник на едицијата „Македонски искушенија“ и член на редакцискиот одбор за подготовка на издавачкиот проект „135 тома македонска книжевност“. Почесен член е на Македонското друштво за наука и уметност во Битола. Член е и на меѓународната академија „Михај Еминеску“ во Крајова, Романија и на Славјанската академија во Варна, Бугарија.


Дваесет и четири негови книги се преведени на: англиски, руски, турски, грчки, италијански, бугарски, српски, украински, полски, латински, романски, црногорски, влашки, словенечки, бошњачки и албански јазик.

Раде Силјан е добитник на следниве награди и признанија:


-Студентски збор – 1975
-Кочо Рацин – 1986
-Награда за најдобра критика – 1987
-Браќа Миладиновци – 1990
-Арџесис, Букурешт – 1993
-Ацо Шопов – 1999
-Димитар Митрев – 2001
-Гоцева повелба – 2001
-Вејла кутија – 2008
-Кочиќево перо, Бања Лука – 2008
-Златна фортуна, Киев – 2008
-Давидиас, Загреб (За издавачка дејност) – 2009
-Un poeta per la pace, Трст – 2010
-„11 Октомври“, државна награда за животно дело – 2010
-Михај Еминеску, Крајова – 2011
-Геза Гардоњи, Будимпешта – 2013
-Grand Prix ”Grigore Vieru” Кишинев – 2014
-Амбасадор на пријателството, Софија – 2014
-Самовилско коњче, Софија – 2014
-Награда за најдобра поетска книга на списанието „Литература и уметност“, Кишинев, Молдавија – 2014
Златен прстен – 2015
-„30 Септември“ – Награда на Сојузот на литературни преведувачи на Македонија – 2015
-„Свети Климент Охридски“ – државна награда за животно дело – 2015
-Награда „Арка“, Србија – за најдобра поетска книга од странски автор „Огледало векова“ (Огледало на вековите) – 2015
-Златен крст за заслуги – одлукување од страна на Претседателот на Р. Унгарија
-Меѓународна награда „Поетски мелнички вечери“ – 2019
-Награда за животно дело на Општина Демир Хисар – 2021

Редакцијата на Екран ја користи оваа прилика и му го честита роденденот на Раде Силјан.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …