Денес роденден слави нашата позната пејачка Бојана Атанасовска-Скендеровски

Бојана Атанасовска-Скендеровски, е родена на 14 февруари 1984 година во Скопје. Таа е позната македонска поп пејачка и текстописец.

Таа ја започнала нејзината кариера во 2003 со учеството во телевизиското шоу Плеј – потрага по ѕвезди. Нејзиниот прв сингл бил “Живеј со прашањето”, со која настапи на финалето на оваа манифестација, на авторскиот двоец – Дарко Димитров (музика, аранжман и продукција) и Александар Принц (текст).


Истата година таа настапила на Макфест во Штип со песната “Немам одбрана” и го освоила првото место. Во 2003 настапила на уште два натпревари, влашкиот натпревар “Fantana Di Malama” со песната “Ќе полудам” на влашки јазик, и натпреварот “Марко Поло” во Хрватска.

Бојана издала еден албум наречен “Целосно ти припаѓам”. Во 2006, таа настапила на изборот за Евровизија со три песни, што предизвикало шпекулации дека натпреварот е наместен. Во финалето победила Елена Ристеска со песната “Нинанајна”. Бојана издала и неколку дуети, вклучувајќи соработка со Ѓоко Танески и со црногорската група “No name” и песната “Моја мала”. Во 2008 година го издала албумот „Во дилема“. Бојана беше водителка на популарната емисијата “Улица Македонија”.


Редакцијата на Екран и го честита роденденот на Бојана и ѝ посакува многу здравје и  уште многу успеси во понатамошната кариера.

 


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …