Чудесното бебе родено со само 453 грама после 133 дена минати во болница си оди дома

КОГА е роден во 22-та недела од бременоста, лекарите предвиделе дека нема да преживее. Но, малиот Расел храбро се борел и докажал дека не се во право. На 1. октомври, четири месеци по раѓањето, тој бил пуштен дома.
Мајката на Расел, Наташа Вилијамс се породила во болницата Тулан Лејксајд во Луизијана на 22. мај. Цели 133 дена Расел бил сместен во одделот за неонатална интензивна нега, каде се борел за својот живот.
Вилијамс останала бремена три пати пред Расел, но ниту еден фетус немал срцеви отчукувања.
„Затоа не сакавме луѓето да се надеваат дури и кога дознавме дека сум бремена со Расел“, рекла таа за „Good Morning America“.
Сепак, неговото чукање на срцето било силно. Проблемите се појавиле во 15-тата недела кога одеднаш и се отвори грлото на матката. Итната операција го спречила нејзиното предвремено породување, но таа сепак се породила на 20. мај, иако терминот и бил на 22. септември.
“Јас и мојот вереник плачевме и се молевме. Мојот водрњак ми пукна во средата, а јас се породив во петокот”, се сеќава мајката.
Расел тежел само 453 грама и никој не верувал дека ќе преживее. Имено, доенчињата родени пред 23-та недела имаат недоволно развиени бели дробови, поради што тешко функционираат без помош на плацентата.
Расел добил жолтица и имал крварење во мозокот, а за дишењето му помагал апарат.
Денес, тој има над осум килограми, а болничкиот персонал му подготвил проштално збогување на денот на неговото заминување.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД МЕСЕЦ МАЈ ЌЕ ГО ПОМИНЕМЕ СО ПОЛАДНО ВРЕМЕ ОД ВООБИЧАЕНОТО – За летни температури ќе си почекаме

Метео прогноза на Славчи Попоски: Судејќи според моменталните прогоностични материјали со кој ние располагаме, укажуваат …