Честопати велиме дека ПРВИОТ ВПЕЧАТОК за некоја личност е многу важен, а знаете ли што мажите прво забележуваат кај жените?

Еве што прво забележуваат!

Начин на шминкање
Иако повеќето тврдат дека не сакаат нашминкани жени, едно истражување покажало дека дотераните дами ќе им го привлечат вниманието повеќе од другите. Но, ова не важи за секој тип на шминка. Оние кои претпочитаат „потемна“ шминка имаат помала веројатност да го привлечат вниманието на посилниот пол, па затоа мажите се помалку заинтересирани за излегување со нив. Всушност, тие се попривлечни за жените кои не изгледаат агресивно, туку природно.


Големина на колковите
Не станува збор за привлечност или изглед, туку за здравје и добра плодност. Дамите кои имаат поголеми колкови и половина оставаат впечаток дека лесно можат да имаат деца, бидејќи овие женски атрибути го откриваат нивото на естроген во нивното тело.

Црвена боја на облека
Црвената е бојата на страста, па не е чудно што мажите мислат дека жените во таква облека се посекси и попривлечни. Студијата спроведена на Универзитетот во Рочестер покажала дека посилниот пол ќе потроши повеќе пари за излегување со дама во црвена гардероба.


Љубезност и грижа
Однесувањето кон други мажи е многу важно. Тоа им е показател дека жените добро реагираат на потребите и желбите на другите, што ги прави попривлечни и поквалитетни луѓе, но потенцијално и добри мајки.

Тоналитет на гласот
Додека жените повеќе ги привлекуваат момците со длабок глас, мажите се сосема спротивно. Високиот тоналитет на гласот за нив значи дека жената е женствена и во добра форма.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до …