КУЛТУРА

Прв базар на мали еколошки бизниси

Во сабота, 21 октомври 2023 година, со почеток од 12:00 часот во Бистро Комедија, ќе се одржи првиот базар на мали еколошки бизниси организиран од Здружението за еколошка едукација и одржливо живеење Yes for Less и Europe House Skopje. Биоразградливи хулахопки, накит од рециклирана пластика, природна козметика, облека од втора …

Повеќе »

20 години без нашиот легендарен водител, музички новинар и тектописец Ѓоко Георгиев

Ѓоко Георгиев е роден на 17 јануари 1926 година во Битола. Тој е еден од клучните луѓе и најмаркантните личности на македонската забавно-музичка естрада, особено во нејзините најрани денови. Георгиев бил доајен на нашето радио-водителство и водител на првите контактни програми на Македонското Радио, продуктивен и широко популарен музички новинар …

Повеќе »

Промоција на книгата „Во хаосот радост“ на Калиа Димитрова

Поетската книга „Во хаосот радост“ од авторката Калиа Димитрова ќе биде промовирана во петок, 20-ти октомври, во барот Бруталиск. Настанот ќе започне во 20:00 часот, а за книгата со авторката ќе разговара писателката Румена Бужаровска. Уредничка на книгата „Во хаосот радост“ е Душица Лазова, а дизајнот е на Кристина Атанасова. …

Повеќе »

Поезија од Марина Мијаковска во меѓународната антологија „Takohemi në Јug“

Македонската поетеса Марина Мијаковска е објавена со избор поезија во превод на албански јазик во првата меѓународна антологија „Takohemi në Јug“ („Се сретнуваме на Југ“) објавена во Тирана. Мијаковска е застапена со песните: “Oqeani i grave” („Женски океан“), “Letër femre” („Женско писмо“), “Në kërkim të rrenës së humbur” („Во потрага …

Повеќе »

„Candy“ во театарот „Ј.Х.К Џинот“ во Велес

Утре вечер во Народниот Театар ЈХК Џинот во Велес, со почеток од 20:00 часот ќе биде прикажана претставата „Candy“ според романот на Лук Дејвис (Candy: A Novel of Love and Addiction), авторски текстови и материјали од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје. Режија и адаптација: Тамара Стојаноска Играат: Лео …

Повеќе »

Меѓународна изложба „Сè што ни е заедничко“ во Музејот на современа уметност

Меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“ е организирана од Музејот на современа уметност – Скопје и истата ќе биде отворена на 20 октомври (петок) 2023 година, со почеток во 20 часот. „Сè што ни е заедничко“ е меѓународна изложба составена од дела на уметници кои се во потрага по …

Повеќе »

Ремек-делото на Џузепе Верди, операта „Травијата“ со две изведби на сцената на Националнта опера и балет

Ремек-делото на Џузепе Верди, операта „Травијата“ со две изведби на сцената на Националнта опера и балет. На 27 и на 31 октомври со почеток во 20.00 часот. Еден од темелите на светскиот оперски репертоар, партитурата на „Травијата“ изобилува со фантастични музички сегменти што уживаат огромна популарност на оперските и концертни …

Повеќе »

„ПРОФ.Д-Р ЈАНА МАНЕВА-ЧУПОСКА СО ДВЕ ИЗЛОЖБИ ВО ПАРИЗ“

На 20 октомври со почеток 17.00 часот во македонската Амбасада во Париз ќе се отвори изложбата на Јана Манева-Чупоска со наслов „Паришки нацртан филм“. Изложбата се состои од цртежи изработени на триесет метри цртачка хартија во форма на филмска трака. Оваа изложба е нова и е создадена во период од …

Повеќе »

Претставата „Последната лента на Крап“ вечерва во МНТ

Вечерва, со почеток од 19:00 часот во Македонскиот народен театар ќе може да ја погледнете претставата „Последната лента на Крап“. Ѓорѓи Јолевски во улогата на Крап Автор: Семјуел Бекет „Последната лента на Крап“ е претстава за еден осамен човек, изолиран од светот, кој на неговиот 69-ти роденден ги преслушува старите …

Повеќе »