Поезија од Марина Мијаковска во меѓународната антологија „Takohemi në Јug“

Македонската поетеса Марина Мијаковска е објавена со избор поезија во превод на албански јазик во првата меѓународна антологија „Takohemi në Јug“ („Се сретнуваме на Југ“) објавена во Тирана. Мијаковска е застапена со песните: “Oqeani i grave” („Женски океан“), “Letër femre” („Женско писмо“), “Në kërkim të rrenës së humbur” („Во потрага по изгубената лага“) и “Shtëpi-botë e tërë” („Куќа-цел свет“). Преводот на поезијата од Мијаковска го направи Асдрен Челику, а уредник на изданието е Дашамир Мало.

Антологијата е објавена по повод истоимениот прв меѓународен поетски фестивал „Takohemi në Јug“ што се одржа во Ксамил (Саранда) од 13-15 октомври. Во книгата се застапени автори од повеќе земји: Албанија, Грција, Шпанија, Полска, Германија, Италија итн.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отворен повик за учество во работилница „Вовед во сценска костимографија“

Во рамки на годишната програма, КСП Центар- Јадро организира работилница за сценска костимографија во текот …