20 години без нашиот легендарен водител, музички новинар и тектописец Ѓоко Георгиев

Ѓоко Георгиев е роден на 17 јануари 1926 година во Битола. Тој е еден од клучните луѓе и најмаркантните личности на македонската забавно-музичка естрада, особено во нејзините најрани денови.

Георгиев бил доајен на нашето радио-водителство и водител на првите контактни програми на Македонското Радио, продуктивен и широко популарен музички новинар и репортер, автор на над 3.000 текстови за популарни мелодии и стотини осврти и рецензии како и соработник-музички новинар на „Нова Македонија“, „Вечер“, „Журнал“, „Екран“ и други специјализирани ревии.


Неколку децении бил популарен водител на култните емисии „Три гонга“ и „Средби низ музика“ кои станаа синоним за популарноста на Радио Скопје и далеку надвор од границата на нашава република. Бил директор на првите Скопски фестивали на забавна музика, долгогодишен уредник на Редакцијата за забавна музика при Радио Скопје.

Со својот специфичен глас тој буквално успеваше да закова пред радиоприемниците огромен аудиториум и како таков беше присутен речиси во секој дом, следен со страст од многу генерации. Меѓу другото, Ѓоко Ѓеоргиев е добитник на низа најпрестижни признанија од оваа област, како и носител на Наградата за животно дело, која слушателите на Радио Буба Мара му ја доделија во 1999 година.


Починал на 20 октомври 2003 година на 77 годишна возраст.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 12.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Во текот на овој ден Овенот треба да се фокусира на обврските поврзани …