Брачен пар добил рекордни 184. милиони фунти на лотарија, сега се побогати од Адел

Брачен пар од Глостер преку среќен тикетинкасирал 184. милиони фунти.
Рекордната сума што ја освоија Џо и Џес Твејт минатата недела ги направи побогати од пејачката Адел, пренесува Би-Би-Си.
Г-ѓа Твејт (44), мајка на две деца, рекла дека неа и на нејзиниот 49-годишен сопруг освоената добивка ќе им дадат „време да сонуваат“.
Претходниот рекорд го држеше анонимен добитник кој собра 170. милиони фунти во октомври 2019. година.
Г-дин Твејт рекла дека открила дека тој е победникот кога станал рано наутро да ги шета кучињата.
Тој изјави дека не знаел што да прави кога ја видел освоената сума.
„Не можев да продолжам да спијам. Не сакав да ја разбудам Џес, па продолжив да лежам, изгледа засекогаш“, опишал Твејт.
Кога се вклучил алармот на неговата сопруга, тој и рекол: „Имам една тајна, имам нешто да ти кажам“.
Првата реакција на Џес Твејт била неверување и таа решила да продолжи со рутината пред парот да потврди дека освоил рекордна сума на британската национална лотарија.

This image has an empty alt attribute; its file name is bracen-pra-od-gloster-1.jpg


Тие рекле дека добивката ќе им обезбеди „време за многу искуства и авантури со семејството и пријателите“.
Џес Твејт открила дека нејзиниот татко бил страствен играч на лотарија, а нејзиниот сопруг го презел тоа од него откако починал пред седум години.
Таа вели дека нејзиниот татко секогаш ги прашувал што би направиле доколку добие на лотарија.
„Тоа беше вообичаен разговор и се чувствувам како да не подготвуваше. Можеби затоа сум толку смирена, бидејќи со години сум подготвена за победа“, изјавила таа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …