Откако е во притвор Бојан Јовановски е на разни контроли и прегледи…Но, се чини состојбата веќе станала алармантна како што изјавил неговиот адвокат, Сашо Дуковски….
Јовановски, но и неговиот адвокат од судските власти бараа затворскиот притвор да му биде заменет со домашен, токму поради нарушеното здравје, но тоа барање беше одбиено.

„Секој ден здравствената состојба му е се покомплицирана. Урината му е кафеава. Вчера стражарно беше спроведен на ректоскопија. На 20. овој месец му е закажана колоноскопија за која претходно треба да е на посебен режим. Нема што не му е. Кога лежи желудочната киселина му оди право во белите дробови. Може да умре за 15. минути. Јовановски нема желудник и за тоа има 10. лекарски мислења дека треба да биде хоспитализиран“, изјавил за „Слободен печат“ адвокатот Дуковски.