БИЛ И МЕЛИНДА ГЕЈТС И’ ОФИЦИЈАЛНО СЕ РАЗВЕДЕНИ: Парницата завршена, останува мистеријата како е поделено богатството

Милијардерите Бил и Мелинда Гејтс се официјално разведени после 27. години брак.
Според Фокс Бизнис, нивниот развој бил потпишан во понеделникот, со што се стави крај на сагата што започна кога во мај 2021. година објавија дека се разделуваат.
Во идентични твитови, 65-годишниот основач на Мајкрософт и неговата тогаш 56-годишна сопруга објавија дека се согласиле да го прекинат бракот, но дека ќе продолжат да работат заедно на нивната фондација Бил и Мелинда Гејтс, една од најголемите хуманитарни фондации во светот.
Гејтс се венчаа во 1994. година и имаат три деца. Во мај, Фокс објави дека Мелинда Гејтс поднела барање за развод, наведувајќи дека нивниот брак е „непоправливо уништен“.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Bill Gates (@thisisbillgates)


Судските поднесоци исто така покажаа дека Гејтс немале предбрачен договор, но имале договор за поделба на имотот. Деталите за тој договор се уште не се познати, иако се очекува Мелинда да добие голем дел од милијардите на Гејтс.
Магазинот Форбс процени дека Бил Гејст е „тежок“ 130,5 милијарди долари.
Мелинда Гејтс веќе има добиено 4,9 проценти од Coca-Cola femse, односно 25,8 милиони долари во акции, и 6,7 проценти од Групо телевизија СА, или 155,4 милиони во акции.
Со тие удели и уделите во канадските железници и AutoNation, Мелинда Гејтс има 2,4 милијарди долари во акции.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …