Балканска журка со Аца Лукас, Милица Павловиќ и Пеџа Меденица

На два дена пред дочекот на новата година, ВИП арената Борис Трајковски во Скопје, ќе биде местото на најголемата балканска журка во регионот. На 29 декември, со почеток во 20 часот, на една сцена и во една вечер ќе се појават Аца Лукас, Милица Павловиќ и Пеџа Меденица. Со повеќе од 4 часа забава, на сцената во Борис Трајковски ќе се нижат најголемите балкански хитови на овие големи музички имиња.

Влезниците за овој музички предновогодишен спектакл, можете да ги најдете преку продажната мрежа на мктикетс но и во следните продажни места: Југотон, Универзална сала, Туристичка Агенција Атлантик Турс и многу други.
„Новогодишните празници се период кога секој еден од нас сака забава. Веќе извесен период цела држава е под притисок што политички што социјален. Затоа одлучивме на сите оние кои што ја сакаат оваа музика, да им подариме голема предновогодишна балканска журка. Цената на влезниците е прифатлива за секого” – велат организаторите, Балканска Музичка Продукција.


Цената на влезниците е: 400 денари партер, 500 и 600 денари трибина и 900 денари ВИП влезница. Информации и резервации на телефонскиот број 071 218 222.
На овој концерт, првпат во живо Аца Лукас и Милица Павловиќ ќе го изведат својот сега веќе голем хит „Кидаш ме”. Репертоарот на Лукас е веќе добро познат. Павловиќ пак, првпат ќе настапи пред македонската публика на ваков голем и спектакуларен концерт. И таа и Пеџа Меденица им се добро познати на македонските фанови со оглед на честите настапи низ македонските дискотеки. Сега и двајцата, ќе имаме можност да ги видиме на голема концертна сцена.
Стартот на концертот е закажан за 20 часот. Организатор на овој музички настан е Балканска музичка продукција.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …