БАБА ВАНГА ПРЕГНОЗИРАЛА СТРАШНИ НАСТАНИ ЗА 2023 – Слепата пророчица дала 2 пророштва за кои пишуваат светските медиуми

Предвидувањата на Баба Ванѓа за 2023 година се застрашувачки и прочитајте го остатокот од текстот за да дознаете за што се работи.
Визиите на Баба Ванга многумина ги опишуваат како најпознати и најсигурни. Вангелија Пандева Гуштерова е јасновидец од 20 век, а за нејзините пророштва се вели дека се точни повеќе до 85%. Предвидувањата на оваа необична жена за 2023 година не се баш добри.
Баба Ванга почина во август 1996 година, оставајќи зад себе бројни пророштва кои наводно се однесуваат на нашето време. Се верува дека оставила три важни пророштва кои би можеле да се остварат во 2023 година, пишува Sky history.

Разорна соларна бура
Едно од поалармантните предвидувања за 2023 година што и се припишува на Баба Ванга се однесува на сончева бура што може да има фатални последици. Терминот „сончева бура“ може да се однесува на неколку феномени на површината на Сонцето, како што се сончевите блесоци и исфрлањето на короналната маса. Тие моќни плазма ерупции можат да стигнат до Земјата и да предизвикаат геомагнетни бури кои потенцијално можат да ги испржат електричните мрежи и да направат хаос. Најдраматичниот пример во запишаната историја бил настанот во Карингтон во 1859 година. Магнетната бура именувана по британскиот астроном Ричард Карингтон ги урнала телеграфските мрежи и предизвикала бројни пожари и електрични удари. Доколку вакво нешто се повтори денес, ефектите врз секојдневниот живот би биле практично несогледливи.
Ова е особено фасцинантно пророштво, а последиците од дури и суптилни промени би биле исклучително сериозни. Имено, доколку има некакво радикално поместување во рок од само една година, ефектите би биле катаклизмични. Температурните скокови и нивото на радијација би имале страшни последици за животната средина, односно за опстанокот на животот на Земјата. Ваквата промена би можела да биде предизвикана од, на пример, удар на астероид …


Злосторство со биолошко оружје
Исто така, се верува дека Баба Ванга имала визија за биолошко оружје кое се тестира од една голема земја. Невозможно е да се знае точно на која земја се однесувала, исто како што не е јасно колкав би бил обемот на таквите експерименти. Пророштвата на Баба Ванга честопати биле многу криптични и затоа погрешно протолкувани. Бидејќи не запишала ништо, ниту едно од тврдењата за нејзините „видувања“ и прогнози не се 100% автентични, а некои од нив не се оствариле.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …