(ВИДЕО) ДОБРО Е ДА СЕ ЗНАЕ – ИСТУРИЛА СОДА БИКАРБОНА ПО ДУШЕКОТ И ИЗЛЕГЛА ОД СОБАТА: Кога се вратила по ПОЛОВИНА ЧАС, не можела да им верува на очите!

Спиењето и излежувањето на многу луѓе им е омилен дел од денот, а ретко кој човек не поминува барем половина час на ден лежејќи.
Некои луѓе сакаат да гледаат филмови во кревет со нивните омилени грицки, а поради сето горенаведено, креветот на многумина им е омилено парче мебел.
Затоа, одржувањето на неговата хигиена е исклучително важно, а многумина не се ни свесни колку нечистотија може да се акумулира на креветот.
Дали знаевте дека во душекот од вашиот кревет има милиони мртви клетки на кожата, прашина и грини? Да не зборуваме за потта што ткаенината ја апсорбира! Затоа треба итно да почнете да го чистите.

И еве како.
Една жена по име Мелиса Мејкер открила одличен и многу евтин начин да го направите тоа. Имено, таа секојдневно истура сода бикарбона на душекот!


Се’ што ви треба се околу 200 гр сода бикарбона која ќе ја посипете на душекот. Оставете да делува 30 минути, а потоа исчистете со правосмукалка.
Покрај тоа што отсега ќе спиете во здрава „средина“, вашиот кревет ќе мириса и прекрасно!
Практикувајте да го вакумирате душекот и пред и по чистењето со магичниот бел прав.
Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Почеток на црковната година

Почеток на црковната година Првиот Вселенски Собор определи црковната година да почнува на 1 септември. …