Австриско село поради исмејување конечно го менува името

Жителите на австриското село Факинг одлучиле да го преименуваат своето место во Фугинг во надеж дека името на селото повеќе нема да биде предмет на потсмев, соопштиле локалните власти.
„Општинскиот совет донесе одлука за преименување на Фукинг во Фугинг од 1. јануари 2021 година“, рекол Андреа Холкнер, градоначалник на Тарсдорф, што го вклучува и идниот Фугинг.
Тоа место со околу 100. локални жители на околу 350. километри источно од Виена со години било предмет на потсмев.
Различни шегаџии доаѓале да се сликаат покрај таблата на влезот во селото Фукинг, чие име на англиски јазик има непристојно значење. Подоцна, тие фотографии завршиле на социјалните мрежи со разни коментари.
Во минатото немало мнозинство за промена на името, за таа промена биле само локалните жители кои живеле во близина на знакот на влезот на тоа место.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …