AstraZeneca има нов адут против Ковид – за оние кои не можат да ја добијат вакцината

AstraZeneca претставила коктел со антитела кој нуди 83% заштита од ковид за шест месеци, обезбедувајќи уште едно можно оружје во борбата против пандемијата, особено важно за оние кои поради некоја причина не можат да ја примат вакцината.
Според компанијата, студија која го проучувала ефектот на ова антитело во спречувањето на Ковид-19 покажала 83% намалување на ризикот од развој на симптоми и 100% заштита од сериозни форми на болест или смрт. Друга, дополнителна студија, која ја анализирала употребата на антителата AstraZeneca во третманот на луѓе веќе инфицирани со Ковид-19, покажала дека ако ова антитело се користи во рок од три дена од почетокот на првите симптоми, ризикот од понатамошна болест или смрт е намалена за 88%.

Новите податоци од две студии за антитела со долго дејство на AstraZeneca ја покажуваат високата ефикасност на оваа терапија во спречување на развој на симптоми и амбулантски третман на Ковид-19 по единечна интрамускулна доза.
Во студијата која себавела со примената на антитела за спречување на болеста кај пациенти кои не биле изложени на вирусот покажала 83% намалување на ризикот од развој на симптоми на коронавирус, дури и шест месеци по единечна интрамускулна инјекција од 300 мг. Ниту еден од учесниците во студијата на кои им е дадено антителото AstraZeneca не развил сериозен облик на болеста, ниту пак смртен случај поради Ковид-19, дури и по шест месеци од моментот на примена на оваа терапија.


 


Овие резултати се особено значајни за високоризичните групи на луѓе, како и за лицата со зголемен ризик од развој на недоволна заштита по примањето на некои од вакцините против Ковид-19, како што се пациентите на хемотерапија, дијализа, кои земаат лекови по трансплантација на некој орган или за состојби како мултиплекс склероза и ревматоиден артритис.

Во однос на друга студија, која ја разгледа ефективноста на единечна доза на антитела AstraZenec кога се дава на пациенти кои веќе имале благи до умерени симптоми на ковид во времето на администрацијата, резултатите покажаа дека ризикот од сериозни форми или смрт е намален за 88%. доколку е дадено ова антитело во првите три дена од појавата на првите симптоми. Овие проценти добиваат дополнителна тежина ако се има предвид дека учесниците во студијата беа огромното мнозинство на луѓе со висок ризик да развијат сериозна инфекција доколку се појави инфекција, а тоа се луѓе кои веќе имаат други коморбидитети, а самата инјекција на антитела добро се поднесувала.
„Важно е да се нагласи дека шестмесечната заштита беше задржана и покрај скокот на сојот Делта кај овие високоризични пациенти кои можеби не реагираа адекватно на вакцинацијата“, рекол Хју Монтгомери, професор по медицина за интензивна нега на Универзитетскиот колеџ во Лондон и главен истражувач.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …