Андон Дончевски, легендарниот македонски тренер и нашиот прв селектор денес го слави својот 88-ми роденден

Андон Дончевски е роден на 19 ноември 1935 година во Кавадарци. Тој е поранешен фудбалер и поранешен македонски фудбалски тренер.

Поглемиот дел од својата играчка и тренерска кариера Дончевски го минал во ФК Вардар од Скопје. За време на својата активна фудбалска кариера тој го носел и националниот дрес на репрезентацијата на Југославија, додека со „Вардар“ во 1961 година го освоил Титовиот Куп на поранешна Југославија. Играјќи за „Вардар“, Дончевски постигнал 217 голови, што претставува клупски рекорд. Врвот на својата тренерска слава го доживеал токму како тренер на „Вардар“ со кого во сезоната 1986/87 ја освоил шампионската титула во првата лига на СФРЈ.


Своето прво меѓународно тренерско искуство Андон Дончевски го имал во тимот на „Престон Лајонс“, клуб на македонската емиграција во Австралија со кого што се натпреварувал во Премиер лигата на сојузната држава Викторија.

Прв селектор на репрезентацијата на Македонија во периодот од јули 1993 до декември 1995 бил токму Андон Дончевски. Тој бил на чело на репрезентацијата на 17 натпревари, која под негово водство остварила пет победи, пет нерешени игри и седум порази. Неговиот прв натпревар како селектор била победата против Словенија во Крањ со 4:1, а репрезентацијата јанапуштил по поразот од Шпанија со 3:0


Андон Дончевски добил големо признание од Агенцијата за спорт и млади, наградата за животно дело која му била предадена на пригодната свеченост по повод изборот на најдобрите спортисти на Македонија во 2008 година. Исто така и тренерската организација на Македонија му доделила специјално признание по повод јубилејот „сто години на фудбалот во Македонија“. Во 2014 година, Дончевски го добил „медалот за заслуги“ доделен од претседателот Ѓорге Иванов за неговото активно учество во македонската дијаспора во Австралија. Во декември 2015 година, за својата севкупна работа во македонскиот фудбал, Дончевски го добил признанието „спортски амбасадор“ од страна на Агенцијата за млади и спорт и Владата на Македонија.

Среќен роденден чичко Дончо ти посакува редакцијата на Екран.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …