Во понеделник, 20 ноември 2023 година со почеток во 19:30 часот во Музејот на Македонската Борба ќе се одржи петтиот концерт во рамките на Скупи КамерФест.
На музичката сцена, ќе може да уживате во настапот на прекрасното дуо од Унгарија со Александра Балог – пијано и Долфин Балаж на виолончело. Со задоволство ве очекуваме да ја доживуваме музичката магија заедно.
Во соработка со Унгарската Амбасада во Скопје е реализирана оваа вечер во Меѓународниот Фестивал на Класичната Камерна Музика – Скупи КамерФест 2023.
Влезот е слободен.