„Андерфест“ го организира „Дојран Рок Фест“: 7. август центар на македонскиот рок!

Здружението„ Андерфест“ го најавува нивниот нов проект – на 7. август ќе го организираат првото издание на „Дојран Рок Фест“.
„Особено сме горди и посебно возбудени за овој проект бидејќи излегуваме од границите на градот Скопје и се упатуваме кон нашиот бисер на југот Дојран. Еднодневниот фестивал планираме да се одржи на 7. август 2021 година на плоштадот во Стар Дојран“, соопштуваат организаторите на фестивалот.


Учеството на „Дојран Рок Фест“ го потврдија поеќе познати македонски бендови како High Voltage, Bad Obsession.


Вчера и популарните The Chicks (Девојките) најавија дека планираат ова лето да свират во Дојран, а дали се работи за истиот фестивал сеуште не е јасно бидејќи официјална потврда за нивен настап од Дојран Рок Фест сеуште нема.


Но, тоа нема да биде се што ќе се случува во еднодневниот рок фестивал…за кој се најавува дека ќе презентита музика од македонските бендови во траење од 5 часа и 59 минути…
Набргу, како што ни најавија од „Андерфест“ ќе ја објават комплетната листа на учесници…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …