Актерот ги смирува обожавателите откако признал за туморот: „Жив и здрав сум, одам на работа…“

Актерот Сем Нил (75) неодамна открил дека боледува од Хочкинов лимфом – поточно, му бил дијагностициран рак во третата фаза.
Оваа вест лекарите и ја соопштија на ѕвездата на филмот „Паркот Јура“ пред една година, но тој на сите им ја открил дури на премиерата на својата книга.
Веднаш потоа, бројни светски медиуми почнаа да пишуваат за овој случај со многу песимистички тон, па Нил морал да реагира и да ги смири фановите.
„Рак! Рак! Рак! Тоа е малку заморно, бидејќи како што можете да видите, јас сум жив и здрав, и во фаза на опоравување осум месеци, што е навистина одлично. И јас сум жив, имам ритам и одам на работа. Многу сум среќен што се враќам на работа. Почнуваме со снимање за седум дена. Значи, еве ме, и само посакувам насловите да не се толку многу за тоа, бидејќи главната работа е што јас ја напишав оваа книга“, објаснил Нил.


Книгата е резултат на желбата да го пополни слободното време.
„Ми требаше нешто да направам додека бев на лекување, а бев навикнат да одам на работа и наеднаш не можев да го сторам тоа. Затоа ја напишав книгата. Изгледа дека тоа им се допаѓа на луѓето, што е одлично“, заклучилНил.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …