(ВИДЕО+ФОТО) ХОРОР – СО ГОДИНИ КРИЕЛЕ НУКЛЕАРНА КАТАСТРОФА ПОГОЛЕМА ОД ЧЕРНОБИЛ: Поради тајната не е познат точниот број на мртви – вистината е откриена 20 години подоцна!

Светот слушнал за Чернобил и Фукушима, но вистината за третата голема нуклеарна катастрофа е криена 20. години. Дури после две децении од таа катастрофа еден научник открил што се случило.
Неодамна е одбележана 33. годишнина од чернобилската нуклеарна катастрофа. освен Чернобил, светот во поново време ја памти и нуклеарната катастрофа во Фукушима, после земјотресот и разорното цунами кое следело после тоа и кој евсушност директен виновник за трагедијата. Но,двете наведени нуклеарни катастрофи, иако се најголеми забележани во време на мир, не се и единствени, а веднаш зад нив се наоѓа една за која малку кој слушнал.
Таа се случила во Советскиот Сојуз (СССР). Се работи за нуклеарната катастрофа Кишми, која всушност е првата поголема нуклеарна катастрофа после војната. Нуклеарната катастрофа се случила на 29. септември 1957 година во фабриката за производство на плутониум, Мајак, во градот Озјорск, покрај Киштим во регионот Челјабинск на Русија. Мајак произведувал плутониум за програмата за нуклеарно оружје на СССР, а Озјорск, чиешто првобитно име беше Чељабинск-65, во тоа време не било нацртано на ниту една карта во тоа време.

Силна експлозија се појавувала во фабриката откако откажал системот за ладење на еден од складот за радиоактивен отпад. Работата да биде полоша, дефектот во магацинот не бил забележан, се додека акумулираната топлина под притисок не довела до експлозија на 70. тони нуклеарен отпад, заедно со сув нитрат и ацетатни соли.


Фабриката Мајак работела само десет години и имала повеќе мали несреќи пред катастрофалната експлозија што се проценува на еквивалент од 70 до 100 тони ТНТ или околу 10 пати појака од најсилните атомски бомби што се користени во Втората светска војна.

Таквата експлозија, како пердув, го оддувала капакот на нуклеарниот резервоар за нуклеарен отпад, кој бтежел неверојатни  160 тони. Ова, се разбира, резултирало со непречено ширење на радиоактивен материјал во атмосферата. Неверојатно е дека никој не загинал во експлозијата во фабриката.


Површината поголема од повеќе од 50.000 квадратни километри околу фабриката останала радиоактивна, повеќе или помалку радиоактивна, и била наречена „радиоактивна трага на источниот Урал”. 270.000 луѓе живееле во истата област, а 12.000 биле евакуирани по експлозијата без официјално објаснување. Северо-источниот ветер ги пренесувал радиоактивните честички во воздухот околу 10 часа после експлозијата во области кои се наоѓале до 320 километри од Мајак.
Сите области низ кои и преку кои овој ветер поминал, биле прогласени за контаминирани, а повеќето радиоактивни честички биле смртоносен стронциум-90 и цезиум-137. Времето на дегенерација на стронциум-90 е 28. години, а цезиум-137 е 30. години. Истите радиоактивни елементи во најголем биле дел од честичките што се ширеле во воздухот после нуклеарните катастрофи во Чернобил и Фукушима. По нуклеарната катастрофа Кишми, областа од само 800 квадратни километри беило официјално прогласено за неупотребливо во наредните 30 години. Вкупно 22 села се контаминирани со радиоактивни честички.Поради превезот на тајните околу фабриката Мајак, официјалните податоци за жртвите на оваа нуклеарна катастрофа не се досега познати, но според некои извори од ефектите на зрачење во 32. години по таа несреќа, умреле 8.015 луѓе.


Само десет месеци после катастрофата, во западните медиуми, можеле да се прочитаат некои текстови за катастрофалната несреќа и радиоактивен облак над СССР и соседните земји. Една година после тоа, во март 1959. година, виенски „Ди пресе“ ги објавил првите детали за нуклеарната катастрофа, но овие детали, исто така, покажале многу малку за пропорциите на она што се случило.
По цели 20 години, вистинската вистина во светот била откриена само од советскиот научник и дисидент Жорес Медведев во научното списание „Нов свет” во 1976. година. Наскоро неговата приказна била потврдена од професорот Лео Тумерман, поранешен шеф на лабораторија за био физика на Московскиот институт за биологија, „Енгелхарт“.Интересен факт е дека американската ЦИА знаела за експлозијата во Мајак од 1959. година, но тие одлучиле да не подигнат халабуку за тоа јавно, за да се спречат можните последици ако САД имаат слични несреќи, како и затоа што нивната нуклеарна индустрија тогаш се уште била во рана фаза на развој. Само во 1989. година, во времето кога СССР беше управуван од Михаил Горбачов, Советите почнале малку да ги декласифицираат документите поврзани со нуклеарната катастрофа Кишми.Екран.мк/dnevnik.hr

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …