(ФОТО) Проблеми со фустанот: Џенифер Лопез изнајмила комбе за да стаса на премиера!

На премиерата на филмот „Сега или никогаш“ во Њујорк, Џенифер Лопез облекла розева креација на италијанскиот дизајнер Џиамбатиста Вали. И покрај тоа што од напред фустанот е многу кус, задниот дел бил премногу долг…


Кога ќе се појави на црвениот тепих без оглед дали е разголена или закопчана до грло, пејачката и глумица Џенифер Лопез (49) привлекува многу погледи. Така и овојпат одлучила да не мине незабележано. Џенифер е ѕвезда на новата романтична комедија „Сега или никогаш“ а на светската премиера во Њујорк дошла во многу впечатлив фустан.


Лопез облекла огромен розов фустан на италијанскиот дизајнер Џиамбатиста Вали (52) . И покрај тоа што од напред фустанот е многу кус, задниот дел бил премногу долг.
Дека овој фустан е голем, го докажува и тоа што Џенифер едвај излегла од комби лимузината која морала да ја изнајми за да ја собере. Со розевиот стајлинг Џенифер искомбинирала сребрени сандали и „clutch“ ташничка, а косата ја кренала во елегантна висока пунџа.


На премиерата на филмот друштво и правел дечкото, бившиот играч на безбол, Алекс Родригез (43),а на црвенит тепих муабетела со колешката Ванеса Хјуџис (30).
Џенифер во филмот „Сега или никогаш“ глуми продавачка која потполно го менува начинот на живот и навиките бидејќи сака да докаже дека титулата нр е пресудна ако сакаме да успееме во животот. Покрај Лопез и Хјуџис, улоги во филмот добиле и Леа Ремини (48), Трет Вилијамс (67), Шарлиан Ји (32) и Мило Вентимиглиа (41).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …