(ФОТО) Конечно прочитан тестаментот на славниот готвач: Се нагаѓало за неверојатно богатство, но вистината е поинаква…

Еден месец по смртта, која во шок и неверување остави милиони обожаватели на Ентони Бордејн, славниот готварски шеф, на ред дошло и читањето на неговиот тестамент. Иако се нагаѓало дека неговото богатство се движи околу неверојатни 16. милиони долари, во стварноста бројките се многу помали.
Според службените документи, богатството на починатиот шеф Ентони Бордејн изнесува само 1,21 милион долари, од што 425. илјади во готовина, 35. илјади на брокерски сметки, 250. илјади во „приватна сопственост“ и половина милион во авторски права и слично.


Сето тоа ќе го наследи неговото единствено дете – 11. годишната ќерка Ариана, која ја добил во бракот со Отавиа Бусиа. Со оглед на тоа дека Ариана е малолетна, судот ќе одреди лице кое ќе се грижи за нејзиното наследство се’ до полнолетството. Сите недвижнини ќе ги добие токму Отавиа Бусиа. Иако парот во 2016. година тргнал секој по свој пат, разводот никогаш не бил финализиран, па поради тоа наследник е таа.
61. годишната готварска ѕвезда, Ентони Бордејн, на 8. јуни бил пронајден мртов во хотеската соба во франсускиот Кајерберг, додека снимал нови епизоди од серијата „Parts Unknown“ со близок пријател, францускиот готвач Ерик Риперт.

#Repost @anthonybourdain Honi Soit Qui Mal y Pense #Repost @helencho Battling Bourdains


A post shared by ottavia busia-bourdain (@ottaviabourdain) on


Во јавноста веднаш се појавила веста дека станува збор за самоубиство, а после 4. дена аутопсијата открила дека Бордејн во своето тело немал никакви трагови од наркотици и алкохол, во време на смртта.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …