(ВИДЕО+ФОТО) Секси бабата од Балканот има нов хит: И’ во седмата деценија го сака животот!

На сите им е добро познато дека кога станува збор за концертите, Неда Украден е повеќе со својата публика отколку што одмора.
Календарски одамна влеговме во летото, а со него дојде времето кога песните кои ќе ги слушаме и пееме наредни месеци се насекаде.
Неда Украден е позната по тоа што нејзините музички изненадувања се исчекуваат во целиот регион, па и пошироко. Така е и овој пат.


Пејачката која оваа година со златни букви испиша педесет години
кариера, не престанува да „разгорува и пали“ со музичкото небо. Топлите летни денови таа одлучи да ги зачини со новата песна и видео “Го сакам животот”, што за само неколку дена дојде при врвот на YouTube.
“Песната’Го сакам животот’ ја засакав од првото слушање поради позитивното за животот, добра енергија и ритам. Таа е како создадена за мене и лето! Авторите се веќе проверени автори на хитови; музика и аранжман Бојан Васиќ, а текстот го составивме Душан Бачиќ и јас. Добриот ритам и едноставен и незаборавен текст, како и мелодија па верувам дека ќе и се допадне на публиката”, рече Неда.

На сите им е добро познато дека кога станува збор за концертите, Неда Украден е повеќе со својата публика отколку што одмора.
Овој месец, Неда го резервираше за одмор со нејзината фамилија во
Бока Которска, а во осмиот месец започнува вистинското концертно “лудило”.
Токму во споменатата Бока, беше создадено видеото за песната “Го сакам животот” зад кое стои Ведад Јашаревиќ а можат да се видат сите убави кадри од Бока Которска, кои не ги уништиле ниту дождливите денови, напоменала Неда.
Можеби и до вас ќе допре Неда со својот нов хит „Го сакам животот“.
Па, животот и треба да се сака, нели.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …