12 години во темница: Да бидеме хумани и на Горазд да му помогнеме да прогледа!

Додека сите деца надвор си играат, трчаат, едно детенце само стои на страна, се држи за оградата и ги слуша другите деца како џагорат и се смеат.


Сака и тој да им се придружи во играта, но кутрото не може бидејќи не гледа. Ова детенце е Горазд и има 12. години. Откако е роден па се досега, ова душичка минала низ разни операции…Неговиот вид е 90% оштетен. Горазд ги знае сите другарчиња во маалото, ама никогаш не ги видел, ги допира по главата и ги препознава по гласот. Неговото помало братче го води за рака кога ќе излезат и му вели „еве стој сега тука малку, држи се за оградата, да поиграм малку“.И така секој ден 12 години…😞 Горазд само стои и ги слуша дечињата како си играат…😞
Сега конечно има шанса да си ги види другарчињата, да ги види мама и тато како изгледаат, да си го види братчето што го чува и конечно и тој да се растрча со децата…
Неговата мајка, кутрата, сама пишала апел за помош, но без нас нема да успеат да ги соберат парите. Потребни се 6.000 евра за операција во Русија. Имаме само неколку дена до операцијата!


Ајде сите заедно да му помогнеме на Горазд конечно да си ги види родителите и другарчињата!
Горазд дечињата ќе те чекаат на баскет игралиштето во школскиот двор кога ќе се вратиш.
Ајде да донираме сите, ширете го апелот, имаме само уште неколку дена до 5. септември.
ВИП – 143 485
Т-МОБИЛЕ – 143 181


За боите и солзите радосници на Горазд!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …