(ВИДЕО+ФОТО) Фини грицки од тиквички – од рерна!

Потребно е:
2 млади тиквички
2 јајца
лебни трошки
брашно
мајчина душица
1 лажичка црвен пипер
оригано
црн пипер
4 чена лук
маслиново масло
пармезан
Подготовка: тиквичките можете да не ги лупите туку само убаво да ги измиете па исечете ги на стапчиња со дебелина од 1 – 2 см.Насолете, измешајте ги и оставете да стојат 20. минути, а потоа убаво исцедете ја водата.
Исечкајте ги сите зачини, а лукот испасирајте го. Во соодветен сад ставете маслиново масло, мајчина душица, црн пипер, лук, црвен пипер, убаво измешајте и полијте ги исцедените тиквички.
Потоа секое стапче валкајте го во брашно,изматени јајца и лебни трошки.
Тавата за печење покријте ја со хартија (за печење) и наредете ги стапчињта тиквички. По површината наросете им рендан пармезан.
Печете околу 30 минути во рерна загреана на 200 степени.
Можете да ги сервирате со кисела павлака, сирење…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …