Добитничката на две Оскари, осум Греми, четири Еми, Тони и разни други награди, несебично одлучила да сподели дел од своето богатство со девојчето која го загуби својот татко.
Американската пејачка, актерка, режисерка Барбра Стрејсенд (78) е една од сè повеќето холивудски и музички sвезди кои сакаат да и помогнат на девојчето Џана Флојд (6), чиј татко Џорџ неодамна беше убиен од полицијата, што покрена големи протести низ САД, но и целиот свет.
Многумина по нивната загуба му помогнале на семејството Флојд, а Канје Вест веќе најави дека ќе го финансира образованието на девојчето, додека Стрејсенд одлучила да и ги донира акциите во Дизни.
Добитничката на две Оскари, осум Греми, четири Еми, Тони и разни други награди, несебично одлучила да сподели дел од своето богатство со девојчето која го загуби својот татко.
Со овој потег, малата Џана дефинитивно стана една од најмладите акционерки во компанија вредна милијарда долари, а Барбра покрај вредните акции симболично и ги подарила и своите музички албуми.