Жените ги сметаат ќелавите мажи за помалку успешни и помалку привлечни, покажало истражувањето

Многу мажи се плашат од опаѓање на косата, а една нова студија покажала дека нивната загриженост можеби не е целосно неоснована.
Новото истражување објавено во списанието Evolutionary Psychological Science покажало дека мажите без коса се помалку привлечни за жените.
Во истражувањето учествувале 120. жени кои ја оцениле привлечноста на мажите со и без коса. Помалку успешна кариера, незадоволство од животот и генерално лоша слика за себе – сето тоа се карактеристики што жените им ги припишуваат на мажите без коса.
„Малку е загрижувачки како се перцепираат мажите кога ќе им падне косата“, вели коавторот на студијата, професорката Маријана Фишер од Универзитетот Сент Мери во Халифакс, Канада, додавајќи:
„Ќелавоста влијае на целокупниот впечаток на луѓето, од нивниот успех во кариерата до нивната привлечност и особини“.
„Само затоа што немаат коса не значи дека се помалку успешни или помалку достојни за почит“, заклучува професорката Фишер за „Метро“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …