Завршен настан од проектот „И хартијата има вредност, Рециклирај за здрава иднина“

Завршниот настан од проектот „И хартијата има вредност, Рециклирај за здрава иднина“ ќе се одржи денес со почеток во 11:00 часот во Велес, во просториите на Europe House.

На настанот ќе имаме можност да се запознаеме со активностите и резултатите од проектот, како и да ги видиме достигнатите постигнувања на младите во областа на рециклирањето. Воедно ќе ја видиме и вредноста на хартијата кои младите од ООУ „Васил Главинов“ – Велес, ООУ „Св.Кирил и Методиј“ – Велес, ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ – с.Иванковци, ООУ „Рајко Жинзифов“ – Горно Оризари, ООУ „Лирија“ – с.Бузалково и ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес преку изработка на честитки за Нова Година и 8-ми Март ни ја покажаа.


Настанот се организира во рамки на здружението на граѓани РЕСУРСЕН ЦЕНТАР на лица од ранливи категории РЦЛРК и партнер организацијата здружение на граѓани КУЌА НА СРЕЌАТА.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …