Второто издание на Дојран Рок Фест е закажано за 6 август 2022 година.
„Особено сме горди и посебно возбудени за овој проект бидејќи излегуваме од границите на градот Скопје и се упатуваме кон нашиот бисер на југот Дојран. Еднодневниот фестивал ќе се одржи во Стар Дојран во хотел Романтик“, соопштуваат организаторите на фестивалот.
„Исто така планираме овој фестивал да биде традиционален и да влезе во агендата на летни фестивали кои во екот на туристичката сезона ќе привлечат уште повеќе млади лица во Дојран“.
На фестивалот ќе настапат 3 музички групи исклучиво од нашата држава.