За Ламбе Алабаковски шест месеци условна затворска казна за потпалувањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола

Пејачот Ламбе Алабаковски е осуден на условна казна од шест месеци за потпалувањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Информацијата за Канал 5 ја потврди неговиот адвокат. Судот ја донел одлуката минатата недела а од денеска пресудата е правосилна.
Настанот се случи во јуни годинава, Алабаковски потоа за време на истрагата го призна делото а условната осуда е со утврдена казна затвор во траење од шест месеци, доколку во период од една година не стори ново кривично дело.

This image has an empty alt attribute; its file name is lambe-na-valandovo-1.jpg
По подметнувањето на пожарот , Алабаковски беше притворен а неколку дена подоцна беше пуштен во домашен притвор и му беше овозможено да се брани од слобода. По пресудата, на пејачот му се вратени двата пасоша, македонскиот и американскиот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …