(ВИДЕО) 39-годишниот Дејан ја доби првата битка, ќе се лекува во болницата „Сју Рајдер“

39. годишниот Дејан Тодоровски од денеска е во Сју Рајдер во специјалната болница „13 Ноември Скопје“.
Тој 15. години има мултиплекс склероза, а по прележаниот ковид состојбата се влошила. Тој има отворени и големи рани по телото. Во домашни услови го лекувала неговата мајка. Тој од денеска ќе ја добие целата медицинска нега, а неговата мајка е среќна што стручни луѓе ќе му помогнат,а трошоците ќе се намалат. Од министерството за труд и социјална политика по сторијата на Канал 5 веднаш иницираа Дејан да се хоспитализира и помош кон ова семејство.


Директорката на болницата, Салија Љатиф Петрушевска, објаснува дека Дејан ќе ја добие целата грижа, раните од неговото тело да се излекуваат.
Од болницата објаснуваат дека се почесто се бара ваков тип на нега во нивната установа и бараат владата итно да ги разгледа сите барања за нови вработувања на медицински персонал и да не чека ниту еден граѓанин за лекување во оваа установа.

Извор:kanal5


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …