Времето викендов: Подгответе се за нови но убави промени

Иако сеуште студено сепак овој викенд ќе биде малку потопол за разлика од изминатите неколку денови кога имавме навистина МНОГУ СТУДЕНО време со потпросечни температури на воздухот за овој дел од годината.
Денешниот саботен ден ќе помине во знакот на променливо време со сончеви периоди но ќе биде и значително поветровито поточно ќе дува засилен ветер од северен правец а локално ќе провејува и слаб снег особено на север и североисток. Недела ќе биде релативно сува односно сончева со умерена локална а на север и на исток повремено можна е и позначителна облачност. Сеуште ќе
дува умерен а Долж Повардарието и на исток засилен ветер од северен правец.
Што се однесува на температурите на воздухот минималните ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -1 денес (сабота) додека недела наутро истите ќе се спуштат во интервалот од -5 до 2 степени. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени во најтоплите региони од државава и тоа денес (сабота) додека во недела максимумот на истите
ќе се искачат во интервалот од 3 до 12 степени.
Од понеделник како што најавивме ГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ и натпросечни температури
на воздухот за овој дел од годината но следат нови и детални информации најавуваат од meteomx.mk .

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најголемото велигденско јајце во Македонија

Во село Мокрино, вгнездено во Струмица, Велигден носи посебна традиција. Годинава во центарот на вниманието …