Во центарот на Штип беше поставена монументалната скулптура со наслов ,,Зашиени емоции” од скулпторот Никола Смилков

Вчера во центарот на Штип се постави монументалната скулптура со наслов ,,Зашиени емоции” од скулпторот Никола Смилков.

Скулптурата „Зашиени емоции“ е стилизирана претстава на флуидна ткаенина прободена со игла, која асоцира на шиење на платно. Иглата е бронзена, со златна патина, додека ткаенината е изработена од бел мермер „сивец“. Флуидноста на ткаенината е во контраст со цврстината на иглата, симболизирајќи ја истовремено силата, но и елеганцијата на процесот на везење и шиење, поврзувајќи ја со издржливоста на работникот.


Никола Смилков е активен член на ДЛУМ и член на Управниот Одбор на ДЛУМ.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неопходен минерал кој телото не го произведува – 8. намирници ќе го надоместат

Магнезиумот е минерал кој е неопходен за општото здравје на организмот и урамнотежено, добро расположение. …