Во присуство на папата жените секогаш се облечени во црно: Само 7. жени во светот можат да носат бело

Папскиот град се претвора во суверена територија дури во 20-тите години на минатиот век, но Ватикан отсекогаш бил центарот на Римокатоличката црква уште од 4. век. Оттогаш наваму западната црква задржа и непроменети многу од традициите, пишува huffingtonpost.com.
Едниот е поврзан со начинот на кој жените треба да се облекуваат кога се на аудиенција со папата. Шефот на Римокатоличката црква со текот на годините се менува, но дамите секогаш мораат да се облекуваат на одреден начин, без разлика кој е на власт.
Со векови дамите носат долги црни фустани со високи јаки и долги ракави, кои покриваат поголем дел од нивните тела. Нивните глави мора да бидат покриени со долг црн превез. Ова правило важи за сите принцези, кралици, дури и оние кои не практикуваат религија.
Облеката може да наликува на депресивна и тажна за оние кои не се свесни за традицијата на религијата, но црната боја во овој случај не е симбол на жалост, туку на смирение и благочестие. Тоа значи дека сите дами кои се на аудиенција кај папата ги почитуваat правилата на Католичката црква, покажувајќи почит кон него.
Има неколку жени на кои им е дозволено да носат бело додека се сретнуваат со поглаварот на Римокатоличката црква. За тоа исклучок од правилото има француски израз „Le privilège du blanc“ (привилегија на белата боја).
Правото да се носи бело во присуство на папата е резервирано само за католички кралици и принцези. Денес тие се многу малку – само 7 во целиот свет.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 12.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Во текот на овој ден Овенот треба да се фокусира на обврските поврзани …