Во понеделеник јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, ќе има дежурни билетарници, Жичарницата ќе работи вообичаено

ЈСП информира дека во понеделник (24.10.2022 година), поради државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, ќе работат три билетарници, а Жичарницата ќе функционира вообичаено.
Дежурни од 7 до 13.30 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров.
Жичарницата ќе работи од 10 до 18 часот, притоа 17-17.30 часот е последно возењеод доле нагоре, односно 17.45 часот е последновозење од горе надоле.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Во вторник и во среда повторно свежо и врнежливо – Можно е ново невреме, особено во вторник

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, …