Во недела, 27.08, сите на кафе во Бифе, ќе собираме пари за помош на Леонид Индов

Во недела, 27.08, сите на кафе во Бифе, ќе собираме пари за помош на Леонид Индов, ученик во Математичко-информатичката гимназија во Скопје, кој во несреќен случај во Грција се здоби со тешки повреди, по што беше опериран и му претстои долготрајно и скапо лекување.
Кафето ќе го платите така што ќе завртите на телефоните за донација:
А1 – 143 500
Телеком – 143 118
Музика ќе пуштаат неколку диџеи, ќе се видиме, дружиме малку, ќе биде убаво и што е најважно, ќе му помогнеме на Лео во ситуацијата во која се најде.
Ве сакаме и ве чекаме ❤

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …