Влези. Прочитај. Процветај. – Саемска средба со Венко Андоновски


Книгите на Венко Андоновски се македонски современи класики. И додека тој пишува дека „книгата ја напишал човек, а човекот го пишува неговата душа“, факт е дека делата на Андоновски ја менуваат температурата на душата, како што овој автор си поигрува со температурата на текстот.

Денес, со почеток од 13 часот, на саемскиот штанд на ТРИ посетителите ќе имаат можност да добијат потпис и да се сретнат со еден од најцитираните и најпопуларни домашни автори – Венко Андоновски.


Веруваме дека на најчитателите единствена непрочитана книга им е стварноста, па затоа дојдете заедно да ја очудиме со Андоновски и да напишеме ново поглавје кое засекогаш ќе го паметиме, се вели во објавата од издавачкиот центар „Три“.

По средбата со Андоновски следува неформална музичка програма.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова се победници на денешното 9.издание на HalkEco Скопје Трча 10 км

Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова се победници на денешното 9.издание на HalkEco Скопје Трча …