Златко Митрески е роден на 11 мај 1981 година во Скопје. Тој е македонски театарски и филмски глумец, кој моментно работи во Драмскиот театар во Скопје.
По завршувањето на основното училиште (1989-1996), продолжува со средното образование во „Димитар Влахов“, кое го посетувал од 1997 до 2001 година. Во 2002 година се запишал на Националната академија за театарска и филмска уметност во Софија (НАТФИЗ). Додека живеел во Софија, исполнувал разни улоги во театарот „Софија“ и Државниот сатиричен тетар „Алеко Константинов“ од бугарски и странски автори, како дипломски изведби во учебниот театар при самата академија. Во 2004 г. ја добил првата филмска улога во краткото остварување „Клаустрофобија“ (Клаустрофобия) од Чавдар Чернев, а во 2005 и првата долгометражна улога, во бугарско-турскиот филм „Украдени очи“ (Откраднати очи) во режија на Радослав Спасов. Академијата ја завршил во 2006 г. и продолжил да исполнува улоги во престолнината и други градови низ бугарија како Ловеч и Габрово, а подоцна и во Ќустендил.
Во 2008 и 2009 година се дообразувал и на Маѓународната театерска академија во Москва, каде настапувал во „На Страстном“ при уметничките раководители Александар Калјагин и Лав Додин.
По враќањето во Македонија, настапувал во Младинскиот културен центар во Скопје (2010), Народниот театар во Охрид (2011), Универзалната сала (2012) во Скопје. Во 2013 година почнал редовно да настапува во Драмскиот театар во Скопје. Во 2011 година ја остварил првата филмска улога во Македонија во „Ова не е американски филм“ од Сашо Павловски.
Добитник е на првата награда на V Отворен филмски фестивал во Санкт Петербург, Русија.
Среќен роденден Златко ти посакува редакцијата на Екран.