Актерката Кристина Аплгејт, за време на гостувањето во подкастот „Конан О’Брајан има потреба од пријател“, го споделила своето искуство за најраните знаци на болеста што засекогаш ѝ го промениле животот во 2021 година, а тоа е мултиплекс склероза.
За време на гостувањето, таа споделила емотивно сведоштво за тоа како сè започнало со нејзината болест. Имено, иако во тоа време сè уште играла тенис и планинарела, првиот симптом, тврди таа, бил толку суптилен што лесно можела да го игнорира, со трнење и вкочанетост на прстите.
„Беше јануари 2021 година, на мајка ми ѝ беше дијагностициран рак по трет пат, а се случуваа и други стресни работи. Беше многу трауматичен период. Почнав да чувствувам вкочанетост во прстите. Сè уште бев физички активна, но нешто не беше во ред“, тврди актерката.
Како што минувале месеците, Еплгејт тврди дека симптомите се ширеле, од прстите на нозете до стапалата, а потоа и до колената. Таа почнала да ја губи рамнотежата, сфатила дека почнува да се чувствува непријатно кога е на високо, а болката станала неподнослива.
„Кога велам дека беше вкочането, беше, но исто така болеше“, објаснува таа.
Таа понатаму тврди дека нејзината пријателка, колешката Селма Блер, која и самата се бори со истата болест, исто така ѝ помогнала. Блер била тој што ја убедила да посети невролог, што довело до официјалната дијагноза.
Сега, на 53-годишна возраст, Кристина не крие колку е предизвикувачки секојдневниот живот со мултиплекс склероза за неа. За време на подкастот, таа признала дека имала „симптоматски многу лош ден“ и дека понекогаш не може да функционира.
View this post on Instagram
„Ако луѓето го видат мојот живот секој ден, немаше да можат да го поднесат. Понекогаш ни јас не можам“, рекла таа.
Освен физичките тешкотии, Кристина се бори и со стигматизацијата што често ја носи оваа болест.
„Првото прашање што луѓето ми го поставуваат е: ‘Како го добивте тоа?’. Како да сум направила нешто што го предизвикало тоа самата. Истото беше и со ракот на дојка. Како сè да е моја вина. Таа стигма… Се навикнав на тоа, но на почетокот беше тешко. Зошто некој би помислил дека ќе си го направам тоа самата на себе? Ова е најлошото нешто што некогаш сум го доживеала“, рекла таа.
Фото: Принтскрин/Instagram