(ФОТО) За 2025 година – Објавена е листата на 10-те најбогати актери во светот: Првото место ќе ве изненади


Во Холивуд, славата може да дојде безо но и брзо да изчезне. Она што им останува на многу луѓе, дури и откако ќе се изгаснат рефлекторите, е богатството што го стекнале со текот на годините. Најновата листа на најбогатите актери за 2025 година открива кои се најбогатите актери.
Имено, на самиот врв на листата е легендарниот бодибилдер, актер – Арнолд Шварценегер. Со проценето богатство од 1,49 милијарди долари, Шварценегер ја предводи листата на најбогати актери во 2025 година.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Zimmer Biomet (@zimmerbiomet_zbh)


Иако на големото платно не се појавил од 2019 година, неговото богатство продолжило да расте благодарение на исклучително паметните инвестиции, особено во секторот за недвижности и инвестициските фондови.
Покрај тоа, неговата долга кариера во филмовите – особено во култната серија „Терминатор“ му донела огромна заработка и меѓународна слава. Шварценегер е доказ дека успехот во Холивуд не мора да заврши со последната филмска улога, бидејќи вистинските потези надвор од индустријата можат да донесат долгорочна финансиска сигурност и статус на милијардер.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dwayne Johnson (@therock)

Двејн Џонсон е на второто место со 1,19 милијарди долари. Неговата заработка доаѓа не само од актерски хонорари, туку и од инвестиции, особено во брендот „Teremana Tequila“, кој вреди дури 2 милијарди долари, а Џонсон поседува 30% удел. Во 2024 година, тој заработил 88 милиони долари само за своите улоги во „Црвен еден“ и „Моана 2“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Cruise (@tomcruise)

Акционата ѕвезда Том Круз, исто така, има 891 милион долари. Благодарение на паметните договори, Круз од самиот почеток на својата кариера заработувал процент од заработката на своите филмови, што му носело огромни суми, особено преку франшизите „Невозможна мисија“ и „Топ Ган“. За разлика од многу негови колеги кои се диверзифицирале во деловни потфати, Круз е меѓу ретките кои го стекнале поголемиот дел од своето богатство исклучиво преку глума. Круз, исто така, поседува импресивно портфолио на недвижнини, со имоти распослани по должината на двата брега на Соединетите Американски Држави и низ цела Северна Америка.

Меѓу 10-те најбогати актери во светот, покрај горенаведените, се и:

Шах Рух Кан (нето вредност: 876,5 милиони долари)
Џорџ Клуни (нето вредност: 742,8 милиони долари)
Роберт де Ниро (нето вредност: 735,35 милиони долари)
Бред Пит (нето вредност: 594,23 милиони долари)
Џек Николсон (нето вредност: 590 милиони долари)
Том Хенкс (нето вредност: 571,94 милиони долари)
Џеки Чен (нето вредност: 557,09 милиони долари)

Фото: Монтажа

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy Unpacked јули 2025: Ultra Искуството е подготвено да се одвива

Со години наназад Samsung Electronics ги дизајнира своите уреди според тоа што навистина им е …