Вистината за детето од епрувета на Цеца Ражњатовиќ

Светлана Цеца Ражњатовиќ (44), иако била многу млада кога станала мајка имала проблем да остане бремена. Таа сепак не се предавала и откажала од желбата на сопругот да му подари дете, па со само 22. години била на вештачко оплодување.
Нејзиниот син Жељко е зачнат по вештачки пат, а го створил најдобриот стручњак во таа област, во Србија,др. Миленко Пророчиќ.
Инаку, Цеца никогаш не криела дека првпат станала мајка со помош на медицината.

„Имав 22. години кога открив дека имам проблеми да останам бремена па се определив за програмата за вештачко оплодување кај доктор Миленко Прочиќ, кој е исклучителен стручњак.Не ме интересираа предрасудите кои во тоа време ги имаше во Србија бидејќи повеќе од се’ сакав да имам дете“ рекла Цеца.
И додала – „Мојот починат сопруг апсолутно ме поддржа и со мене учествуваше во комплетната програма, иако беше евидентно дека тој немаше проблем, бидејќи веќе имаше седум деца“ раскажала пејачката.
Фолк ѕвездата две години после породувањето со синот Вељко повторно останала бремена и тоа по природен пат. Цеца по втор пат се остварила во улогата на мајка во 1998. година кога ја родила ќерката Анастасија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …