Општината Штип како организатор на манифестацијата „Пастрмалијада“, ја затвори програмата со учесници, односно забавувачи. Пастрмалијада 2017 ќе се одржи овој викенд, поточно на 15 (петок), 16 (сабота) и 17-ти (недела) септември.
Првиот ден, петок, 15.ти септември ќе настапат македонската фолк ѕвезда, Сузана „Национале“ Спасовска и фолк групата Академци, потоа рок групите „Галија“ од Србија и „Кикимора“ од Бугарија.
Вториот ден 16.ти септември, сабота, програмата ќе ја отвори, „Есма бенд“, за забавата да ја надополнат хард-рок легендите „Дивље Јагоде“, и крешчендото таа вечер ќе треба да го направи Фахрета Јахиќ-Живојиновиќ, попозната како балканската фолк кралица Лепа Брена.
Последниот ден, недела,17. септември, програмата ќе ја отвори извонредната македонска група „Тоа е Тоа“, па потоа следува настапот на фолк пејачката Тања Савиќ од Србија и на крај, за големо финале следува настапот на „сплитското цунами“, хрватската и регионална поп дива, Јелена Розга со нејзиниот бенд.
За време на тие три дена се очекува да бидат изедени над 100.000 пастрмајлии.

Викендов во Штип ќе се одржи „Пастрмајлијада 2017“
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.