(ВИДЕО+ФОТО) Светот гледа таа не трепнува: Трудница трча во 9. месец на бременост!

Снимката од 28-годишната Макена Милер како трча во деветтиот месец од бременоста стана вирален хит.
Оваа Американка трчала пет до шест пати неделно во текот на целата нејзина бременост, но во првите месеци била загрижена како ќе се одвива сето тоа во последното тромесечје. Сепак, таа му рекла на својот сопруг дека проценила дека сепак ќе може да истрча милја, т.е. 1,6 километри за седум минути.


„За да ме мотивира, тој рече дека ќе ми даде 100. долари ако можам да истрчам милја за осум минути, во деветтиот месец од бременоста“, рекла Макена за BuzzFeed.

И не само што успеала да го одржи ветувањето, туку тоа го сторила за 5:25 минути, а не за осум, како што бил договорот. Сега видеото како таа трча на „ТикТок“ има повеќе од три милиони прегледи.

@mikemylerSomeone find whether this is a world record ##pregnant ##zoomies ##track ##mile ##champion

♬ original sound – Mike Myler

Што велат лекарите
„Мојот прв лекар ме поддржа затоа што порано работел со спортисти. Другиот сепак беше малку поскептичен, сè додека не направивме ултразвук што покажа дека бебето е целосно здраво. После тоа, тој само ми потенцираше колку е важно да внесувам повеќе калории“, објаснува Макена.
Треба да обрнете внимание и на изборот на вежби.
„Во суштина, ако некој направи одредена вежба пред бременоста, може да продолжи со тоа и за време на бременоста, со некои исклучоци (на пример, топла јога и спорт со близок контакт). Треба да се преземат општи мерки на претпазливост, односно да внимавате на хидратацијата, да престанете ако имате вртоглавица или ако не се чувствувате добро. И, се разбира, ако станува збор за бременост со висок ризик и лекарот советуваше одмор, тогаш треба да се избегнува физичка активност“, додала д-р Џенифер Линколн за BuzzFeed.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на доајенот на македонското радио и телевизиско спикерство Иван Антонов

Иван Антонов е роден во село Ума, Гевгелија, на 01 мај 1924 година. Тој беше …