(ВИДЕО+ФОТО) Сликите од Италија предупредување до целиот свет: „Луѓе, ова е кошмар“

Вториот бран на коронавирус ги фрли на колена здравствените системи низ цела Европа – и Италијанците повторно доживуваат кошмар што треба да биде предупредување за нас.

„Вака изгледаат драматичните услови во здравствената заштита во Пиемонт. Немаме повеќе зборови“, велат медицинските сестри на Нурсинда, нивниот синдикат во Италија.
Вкупно 41.063 лица починаа досега од Ковид 19 во Италија, каде се регистрирани околу 902.490 заразени од почетокот на пандемијата. Северниот регион на земјата, Ломбардија, чиј главен град е Милано, и натаму е најтешко погоден, регистрирајќи 11.489 нови случаи во саботата и 9.934 во петокот.
Соседниот регион Пиемонт е втор најтешко погоден, а ужасно видео објавено од „Ла стампа“ доаѓа од болницата во тој регион.
На снимката се гледа преполн ходник во болницата каде пациентите лежат на полски кревети, некои дури и на респиратори.


„Ова е ситуација што не требаше да се случи и ние се најдовме во неа, иако знаеме за овој втор бран веќе некое време“, вели Клаудио Дели Кари, секретарот на унијата. Според него, неодамна е затворена една болница во тој регион, што предизвикало хаотична ситуација.
Новите мерки воведени поради вториот бран на коронавирус стапија на сила во петокот и ја делат земјата во три зони според бројот на заразени.
Мерките се помалку строги од карантинот што го наметна Рим низ целата земја кога коронавирусот започна да се шири во март, но многу продавници се затворени во областите со висок ризик, како што е регионот на Ломбардија во Милано, каде што луѓето можат да ги напуштат своите домови само заради работа, од здравствени причини или итни случаи.

Здравствениот систем на Италија едвај ги преживеа првите месеци од пандемијата, кога од земјата пристигнаа ужасни снимки од болници и камиони кои превезувале мртви.

Бидејќи во моментов во нашата земја не е воведен карантин, што би нè заштитило како на пролет, а бројот на новоинфицирани расте од ден на ден, овие сцени треба да бидат најдоброто предупредување за да се однесуваме одговорно. Заштитувајќи го свото здравје, ги штитиме и другите.
Значи, треба да следите само три лесни правила: носете маски, мијте ги рацете и држете се на дистанца.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …