(ВИДЕО+ФОТО) Славен глумец спасил обожавателка која скоро „била прегазена“ од останатите за да дојдат до него!

Глумецот Том Холанд, најпознат по улогата на Спајдермен, се покажал како херој и во стварниот живот откако спасил обожавателка која другите фанови скоро ја прегазиле обидувајќи се да дојдат до негов автограм и тоа пред телевизиско студио во Њујорк.
Девојката на Твитер објавила куса снимка и опишала дека група возрасни мажи почнала да ја турка за да се пробијат до глумецот така што „вратот и бил заглавен на оградата“.

„Се е во ред, тука сум“, се слуша како и говори глумецот а потоа им се обраќа на фановите кои ја туркале:„Ќе ги испофрлам на земја вашите ср**а ако не престанете да ја туркате“.
Објавила и фотографија која докажува дека тоа и’ го направил, а тврди дека после тоа и пришол за да ја смири бидејќи ја фатил напад на паника. 


„Јас глупава, не успеав да снимам фотка, тој ме смири бидејќи се тресев и ја ризикуваше својата сигурност за да ми помогне. Пресреќна сум“, напишала обожавателката.
Инаку, Том на минатогодишните Оскари ја спасил колешката Џина Родргигез да не падне додека излегувала на бината.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на студентите на Музичка Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип денес во Аудиокултура

Денес во Аудиокултура со почеток во 12:30 часот ќе може да го проследите концертот на …