(ВИДЕО+ФОТО) Првата седморка во светот наполниле 21. година: Погледнете како денес изгледаат!

Боби МекКауги и нејзиниот сопруг Кени имале една ќерка кога решиле да пробаат со третман на урофолитропин за да бидат сигурни дека повторно ќе зачнат и следниот пат. Тоа е лек за стимулација на овулацијата што дополнително ја подготвува жената за бременост. Во нивниот случај, третманот функционирал дури и подобро отколку што планирале, бидејќи наскоро дознале дека чекаат седморка.
Наскоро оваа двојка направила историја бидејќи станале првите родители чиијашто седморка доживеала полнолетство.

Бог ја одредил судбината на седморката
„Секогаш ќе се сеќавам на денот кога дознавме дека ќе имаме седморка. Тоа не беше само радост, имаше и многу сомнеж и страв. Сепак, Бог ја одреди нивната судбина“, вели Боби денес.
Кога дознала дека чека седморка, лекарот и’ рекол дека најискрено ја советува да побаци четири од нив, така што тројца ќе имаат некои шанси да преживеат. Боби инсистирала да ги задржи сите бебиња.


Имало многу опасности и ризици. Бебињата се родени пред време и биле минијатурни.
Како што лекарите ја предупредувале мајката, двајца имале церебрална парализа и гастроезофагеална рефлуксна болест, поради што морале да бидат на цевки за хранење.


Седморка од рајот
И’ во 1997. година, кога седморката дошла на свет, сите пишувале за нив. Не само тоа, во грижата биле вклучени и Бил Клинтон и Опра Винфри. Тие го нарекле „Седморка од рајот“.

Новинарите од цел свет ја окупирале скромната мала куќа во која живеел парот. Кога виделе во какви услови живеат, луѓето се собрале и решиле да им помогнат. Меѓу другото, донациите опфаќаале поголема куќа, во која тие сè уште живеат денес, како и големо семејно комбе, пелени за првите две години, како и стипендии за кој било факултет во Ајова.


Денес тие се возрасни луѓе
Имало работа преку глава – седморката пиела 42 шишиња млеко на ден и трошеле 52 пелени. Како растеле, така растеле и трошоците, но не и интересот на медиумите и луѓето. Поминал првиот наплив на возбуда, луѓето ги заборавиле, а Боби и Кени морале да бидат крајно скромни и да ги научат своите деца да бидат многу скромни.

Денес, тие се возрасни луѓе. Сите, благодарение на донациите по раѓањето, завршиле факултет и ги одбрале своите судбини. Кени и Боби посочуваат дека не би можеле да бидат погорди на своите деца.
„Најдобрата одлука што сум ја донела во жиотот беше да ги задржам сите бебиња“, заклучува денес Боби.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Велики четврток – На овој ден се прави спомен на Тајната вечера и предавањето на страшните тајни

Велик четврток Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој …