(ВИДЕО+ФОТО) ПРИТВОР ИЛИ СЛОБОДА: Боки 13 во притвор а секојдневно „лиферува“ информациите надвор од „Шутка“

Кога некој е во притвор обично се мисли дека е изолиран и нема пристап до многу луѓе, нели со цел тие „контакти“ да не влијаат на истрагата. Но, се чини тоа не е случајот и со Бојан Јовановски алиас Боки 13…
Дали и како Боки 13 ги користи своите „врски“ да да ги употребува српските медиуми како алатка за упатување на закани кон македонски, но и странски политичари? Кој е линкот од кој пристигнуваат наводни информации кои се лиферуваат во српските портали и весници, кога Боки 13 е изолиран (?) и е во притвор во Шутка?


 

Изминатиов период откако екс ријалити sвездата е осомничена за случајот „Рекет“, речиси секојдневно се појавува на насловните страници на српските весници. Во викенд изданието на српски телеграф главна вест е, како што тврди весникот, дека во телефонот на Боки 13 се пронајдени пишани пораки и експлицитни фотографии од српски политичар, кој доаѓал во Скопје за интимни дружби со Јовановски, а пак на насловната страница е испишан наслов со големи букв: Боки 13 оргијал со политичар од Србија.


Весникот објавува дека во една од пораките Боки и српскиот политичар договараат средба за која како што пишува весникот, според пораките во телефонот, пишува дека српскиот политичар истакнал дека одвај чека да го види 13ка.


Дека допрва ќе има изненадувања за случајот Рекет и инволвираните во него, изјави и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој вели дека тоа го знаел од добро информирани италијански извори.
„Колку што јас знам од добро информирани италијански извори, ќе има уште изненадувања во тој случај и верувам дека сега Зоран Заев го разбира она што му го кажував за одредени лица и зошто тоа му го зборував и зошто сум среќен што тие лица се далеку од мене и Србија” , истакна Вучиќ.

Минатата недела Боки се појави и на насловните страници на Информер, Курир, на порталите ало.рс , република.рс….
Во српските медиуми беа објавени инфомации во кои се тврди дека наводно Боки се заканил дека ако му фали влакно од косата ќе падне Владата на Заев, како и дека доколку не го пуштат од притвор, Јовановски ќе објавел информации како краделе Заев и Харадинај, но и дека поранешниот екс менаџер, а сега советник на Заев, Зоран Башановиќ е замешан во случајот „Рекет“.
Останува отворено прашањето, зошто со толкав интензитет српските медиуми пишуваат за Боки 13 и кој е линкот кој ги пренесува наводните инфомации од Шутка?

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …