(ВИДЕО+ФОТО) Пристигнува филм за Елтон Џон: На глумецот му дозволил да го прикаже во грдо издание!

Главниот глумец Тараон Егертон изјавил дека славниот пејач му дозволил да го прикаже и „во грдо издание“…
Егертон во претстојниот биографски филм „Rocketman” ќе го глуми Елтон Џон. Ова дело ќе го прикаже успехот на музичарот од раните денови на кариерата и партнерството со авторот на песните, Берни Топин,до неговото пробивање на сцената.


По повод премиерната проекција на избрани делови на филмот Егертон рекол:
„Елтон во суштина ми даде дозвола од време на време да ги направам и гаден. Филмот почнува така што Елтон доаѓа на рехабилитација во доста недостојно издание. Од собата за опоравување дознаваме за неговиот живот и искуства“.


“Филмот пред се го слави неговиот живот и дело, но исто така е и приказна за некој кој не се чувствува добро додека се опоравува“, додал глумецот.
Режисерот Декстер Флечер претходно ја снимил „Боемска рапсодија“ откако Брајан Сингер добил отказ. Според неговите зборови ова дело ќе биде „музичка фантазија“.


„Елтон е раскажувач и ги следиме неговите сеќавања на тие времиња,а сеќавањата понекогаш и не изневеруваат“, рекол тој.
„Тоа е идеја со која се поигруваме“.
Додал и дека Џон, кој активно учествувал во создавањето на филмот како еден од продуцентите, „секогаш беше многу искрен и отворен за својот живот“.

„Тоа е една од силите на филмот“, рекол Флечер.
Според BBC, снимките кои премиерно се прикажани на избрана публика содржат секс сцени од журки и користење наркотици, како и оние кои се бават со врските на Елтон Џон. „Rocketman” премиерно ќе биде прикажан на 24. мај.

Подготви:Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …